• понеделник, 23 декември 2024

Семинар „Зелен Еразмус“ фокусиран на зелената агенда во Северна Македонија и Бугарија

Семинар „Зелен Еразмус“ фокусиран на зелената агенда во Северна Македонија и Бугарија
Скопје, 21 мај 2022 (МИА) - Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на Северна Македонија и Центарот за развивање на човечки ресурси на Бугарија реализираа повеќедневен семинар од 18 до 20 мај во Сандански- Бугарија, на тема „Зелен Еразмус“. Како што соопшти Агенцијата, семинарот произлегува од Меморандумот за соработка кој го потпишаа двете институции, согласно кој, во следниот период ќе се реализираат различни настани на територија на двете држави со акцент на Програмата, и тоа зелена агенда и инклузија, со вклучување на различни опоштествени чинители. Оттаму додаваат дека „Зелен Еразмус“ е првиот настан со фокус на зелена агенда, каде сите учесници имаа можност да го презентираат сето она што го прават, да направат вмрежување и да споделат добри практики. - Еразмус+ гради мостови за соработка помеѓу различните сектори кои се комплементарни во насока на придонесување кон зелената агенда, Европа треба да стане првиот зелен континент, но за да се случи тоа треба да го промениме нашето потрошувачко однесување, истакна директорот на НАЕОПМ, Марко Ѓоргиевски. Во соопштението на НАЕОПМ се потсетува дека главната цел на Зелениот договор на ЕУ е Европа да стане првиот климатски неутрален континент до 2050 година, што ќе резултира со почиста животна средина, подостапна енергија, попаметен транспорт, нови работни места и севкупно подобар квалитет на живот. - Една од главните цели на проектите е младите да формираат непотрошувачки однос кон природата и до 2030 година емисиите на јаглерод да се намалат за 40 отсто, а за да се случи тоа, ресурсите мора паметно да се користат, рече директорот на Центарот за човечки ресурси во Бугарија, Михаил Балабанов. Учесници на „Зелен Еразмус“ беа организации кои работат на зелена агенда и се корисници на Програмата Еразмус+, млади студенти на ФЕИТ кои студираат на отсек обновливи извори, претставници од Агенција за енергетика и основни и средни училишта корисници на Еразмус+. нд/цр

Остани поврзан