• недела, 22 декември 2024

Семејствата со првачиња во општина Валандово добиваат парична помош

Семејствата со првачиња во општина Валандово добиваат парична помош
Гевгелија, 10 февруари 2022 (МИА) - Општина Валандово почна да ја применува одлуката што ја донесе Советот пред крајот на минатата година за исплата на еднократна парична помош на сите семејства кои запишале прваче во учебната 2021/2022 година. - Стимулативната мерка ја воведуваме прв пат со интенција да ја потврдиме нашата заедничка заложба за солидарна и рамноправна заедница. Според воведената нова субвенција на секое семејство со запишано прваче му исплаќаме по 4.000 денари за да им ги олесниме барем почетните трошоци што ги направија пред да ги пратат децата на училиште, рече градоначалникот Перо Костадинов. Средствата од стимулативната мерка на семејствата им се исплаќаат според изготвен список за запишани првачиња и ќе продолжи да се реализира секоја наредна година. Од општината велат дека и понатаму ќе продолжат со јакнење на социјалната компонента преку мерки за подржување на граѓаните од различни категории. им/мс/

Остани поврзан