• петок, 22 ноември 2024

СДСМ: Арсовска не одговара дали таа е градоначалникот кој комуницирал со Груевски

СДСМ: Арсовска не одговара дали таа е градоначалникот кој комуницирал со Груевски
Скопје, 21 мај 2022 Данела Арсовска цел ден не одговора дали таа е градоначалникот кој комуницирал со Никола Груевски. Данела е иста како Христијан Мицкоски, таа молчи за Груевски. Осудениот криминалец во бегство Никола Груевски самиот објави дека е во редовна комуникација со градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека оваа партија и натаму е контролирана од Будимпешта,  очигледно е дека дури и градоначалници му реферираат на Груевски. ВМРО-ДПМНЕ е партија која не се менува, неработењето и трошењето пари на партиски вработувања од страна на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека оваа партија нема намера да се помести од режимската матрица. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста _________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки    

Остани поврзан