• петок, 17 април 2026

Свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден

Свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден
Скопје, 29 јули 2022 (МИА) - Со пригодна свеченост и настап на музички гости беше одбележан патрониот празник на Општина Илинден  и националниот празник на македонскиот народ, 2 Август и Илинден. На централната манифестација која се одржа во комплексот на Домот на култура „Илинден” пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој во своето поздравно обраќање им го честита празникот на сите жители од општина Илинден. -Градоначалникот изрази голема благодарност до граѓаните, претставниците на бизнис секторот, општинската администрација, Советот на општината, образовно-воспитните институции, комунални претпријатија, невладини организации и здруженија за досегашната поддршка во реализација на многу значајни проекти во Општината. Манифестацијата започна со интонирање на државната химна во изведба на оперскиот пејач Никола Стојчески, а забавно музичката програма беше одбележана и со интерпретација на песна посветена на општина Илинден по повод патрониот празник, изведена од страна на македонскиот интерпретатор Ибуш Ибраимоски, информираат од Општина Илинден. Како дел од одбележувањето на патрониот празник беше и традиционалната крводарителска акција, на која жителите на Општина Илинден уште еднаш ја покажаа хуманоста и солидарноста на дело преку дарувањето крв. сст/са/        

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан