• петок, 21 февруари 2025

Салах собори рекорд на Суарез во Премиер лигата

Салах собори рекорд на Суарез во Премиер лигата

Бирмингем, 20 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол синоќа на натпреварот од 29. коло од англиското првенство против Астон вила.

Триесет и двегодишниот фудбалер го постигна својот 15-ти гол на гости во тековната сезона во Премиер лигата. Тој стана рекордер во оваа статистичка категорија во англиското првенство. 

Салах го надмина бројот на Луис Суарез од 14 голови на гости за Ливерпул во 2013/14 година.

Севкупно, Салах оваа сезона има постигнато 24 гола на 26 натпревари за „црвените“ во Премиер лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан