• вторник, 11 март 2025

Руте: ЕУФОР е целосно подготвен да одржува сигурна и стабилна средина во БиХ

Руте: ЕУФОР е целосно подготвен да одржува сигурна и стабилна средина во БиХ

Бања Лука, 11 март 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во кампот Бутмир во близина на Сараево изјави дека ЕУФОР е целосно подготвен да одржува безбедна и стабилна средина во Босна и Херцеговина (БиХ).

Руте денеска се сретна со командантот на ЕУФОР генерал-мајор Флорин-Маријан Барбу, кој изјави дека постои тесна соработка на теренот меѓу ЕУФОР и НАТО.

Во наредните денови, како што претходно беше најавено, се очекува пристигнување на 400 нови војници на ЕУФОР во БиХ. паг/

Фото: ЕПА


  
 

Остани поврзан