Рубио на турнеја на Карибите - главна цел борба против криминалот и илегалната миграција
- Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во Гвајана, втората етапа од неговата турнеја по Карибите, чија цел е борба против илегалната миграција, трговијата со дрога и меѓународните банди, како и зајакнувањето на производството на нафта.

Џорџтаун, 27 март 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во Гвајана, втората етапа од неговата турнеја по Карибите, чија цел е борба против илегалната миграција, трговијата со дрога и меѓународните банди, како и зајакнувањето на производството на нафта.
Најавен е договор за безбедносна соработка со Гвајана, која има значителни резерви на нафта и може да игра клучна улога во обидот на САД да го одвратат регионот на Карибите од увоз од Венецуела, на која претседателот Доналд Трамп воведе санкции.
Гвајана, исто така, има проблематични односи со Венецуела поради поморскиот спор каде американската компанија Ексон Мобил истражува огромно нафтено поле.
Откако Ексон Мобил откри нафта во Гвајана во 2015 година, Венецуела го оживеа повеќевековниот територијален спор со Гвајана и презеде чекори за анексија на регионот Есекибо, од кој две третини и припаѓаат на Гвајана. паг/
Фото: ЕПА