Ролекс го прекинува производството на десет дена поради коронавирусот
- Директорот на светски познатиот производител на часовници, компанијата „Ролекс“, Жан-Фредерик Дифур ги извести колегите дека производството во три нивни фабрики ќе биде прекинато на десет ден

Женева, 18 март 2020 (МИА) - Директорот на светски познатиот производител на часовници, компанијата „Ролекс“, Жан-Фредерик Дифур ги извести колегите дека производството во три нивни фабрики ќе биде прекинато на десет дена.
Дифур изрази надеж дека производството ќе продолжи на 27 март.
- Се наоѓаме во многу сериозна ситуација, им напиша Дифур во порака на вработените.
Одлуката е донесена за да се заштитат вработените и нивните семејства, но и да се ограничи ширењето на Ковид-19. гт/