• петок, 05 декември 2025

Ристовски во друштво на Велкоски на промцијата во Сараево

Ристовски во друштво на Велкоски на промцијата во Сараево

Сараево, 12.јули 2025 (МИА) - Стефан Ристовски кој во новата сезона ќе настапува за екипата на Сараево на промоцијата во клубот беше во друштво со Крсте Велкоски. Ристовски ланската сезона ја заврши како играч на Динамо Загреб, а во новата сезона ќе го носи дресот на освојувачот на Купот на Босна и Херцеговина. Него друштво на промоцијата му правеше поранешниот македонски интернационалец во дресот на Сараево Крсте Велкоски, кои во два наврати настапуваше за оваа екипа и имаше забележителни настапи, а сега ја извршува директорската функција.

Ристовски има договор со клубот до 2027 година со можност за продолжување на уште една сезона. 

Toj кариерата ја почна во Вардар, како позајмен играч има настапувано неколку сезони во италијански екипи, а потоа беше дел од хравтскиот тим Ријека, португалски Спортинг Лисабон и последниот клуб му беше Динамо Загреб.   

Ристовски има и 82 натпревара за македонската репрезентација.  мн/

Фото: Фејсбук ФК Сарајево

Остани поврзан