Рибакина го освои Финалниот турнир кај тенисерките
- – Тенисерката од Казахстан Елена Рибакина го освои Завршниот турнир кај тенисерките откако вечерва во финалето во Ријад ја победи првата тенисерка на светот Арина Сабаленка со 2:0 во сетови
Ријад, 8.ноември 2025 (МИА) – Тенисерката од Казахстан Елена Рибакина го освои Завршниот турнир кај тенисерките откако вечерва во финалето во Ријад ја победи првата тенисерка на светот Арина Сабаленка со 2:0 во сетови. Финалниот меч траеше 1 час и 48 минути.
Во финалниот меч имаше само еден брејк и тоа во честиот гем кога Рибакина поведе со 4:2 и сетот го освои 6:3 во гемови. Во вториот сет немаше ниту еден брејк и сетот беше решен во 13.тиот гем. Но, токму во „завршната игра“ имаше три мини брејка за Рибакина која сетот го доби со 7:6 во тај брејкот беше 7:0 на поени за победничката.
Ова за Рибакина е 11.та титула во кариерата. мн/
Фото: ЕПА