Ракометната федерација на Македонија во посета на ИХФ во Базел
- Раководството на Ракометната Федерација на Македонија оствари работна посета во седиштето на Светската ракометна федерација (ИХФ) во Базел, Швајцарија
Базел, 3.јули 2025 (МИА) - Раководството на Ракометната Федерација на Македонија оствари работна посета во седиштето на Светската ракометна федерација (ИХФ) во Базел, Швајцарија.
На средбата од страна на РФМ беа претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и генералниот секретар, Влатко Тасевски, а се дискутираше за продлабочување на идната соработка помеѓу двете федерации, со фокус на развојот и промоцијата на ракометот во Македонија.
Воедно од страна на РФМ поднесени се апликации за организација на идни светски првенства и претставени се нови проекти за развој на млади категории и едукација. Во разговорот беше потенцирана и важноста на поддршката од ИХФ за идните активности на РФМ.
Оваа посета претставува уште еден значаен чекор во амбициите на РФМ за унапредување на македонскиот ракомет на меѓународната сцена. мн/
Фото: Фејсбук РФМ