• недела, 22 декември 2024

Работен состанок на АЦВ на тема „Операции со воздухоплов без екипаж – нова регулаторна рамка’’

Работен состанок на АЦВ на тема „Операции со воздухоплов без екипаж – нова регулаторна рамка’’

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) - Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, денеска  во Домот на Армијата во Скопје се одржа работен состанок на тема „Операции со воздухоплов без екипаж – нова регулаторна рамка’’, која ќе почне да се применува од 1 јануари 2025 година. 

На работилницата, како што информираат од АЦВ, учествувале стручни лица од Агенцијата за цивилно воздухопловство и оператори со воздухоплови без екипаж, како и заинтересирани граѓани за развој на оваа, технолошки најнапредна гранка од воздухопловната индустрија. 

-Работната средба на надлежните воздухопловни власти и вршителите на операции со воздухоплов без екипаж, беше од информативен, едукативен и промотивен карактер и имаше за цел, да ја информира, пред се воздухопловната, но и пошироката јавност, за тоа како ќе се изврши транзиција од постојната регулатива, според чии одредби се регистрирани повеќе од 400 дронови, во новата регулативна рамка со која што се хармонизира националната легислатива со легислативата на ЕУ, велат од АЦВ.

Пред присутните, биле презентиран и новиот Правилник за воздухоплови без екипаж, условите што ги пропишува за операторите и далечинските пилоти, како и неговото значење за безбедноста при извршувањето на операции со воздухоплови без екипаж.

-Имено, со новата регулатива се воведува нова категоризација на операции во зависност од степенот на ризик, се утврдува методологија за проценка на ризиците, се дефинираат начинот и постапката за стекнување со сертификат за оспособеност за далечински пилот во отворена категорија, се пропишуваат услови кои мора да се исполнат за операции во отворена, посебна и сертифицирана категорија, како и специфичностите за секој вид операции, вењлат оа Агенцијата.

Од АЦВ додаваат дека Правилникот дополнително ги конципира должностите и одговорностите на операторот и на далечинскиот пилот, отвора можност за on-line регистрација на оператор на дрон во отворена категорија, самоподготовка и полагање за А1 и А2 сертификат за далечински пилот. Од следната година, операторите на воздухоплови без екипаж, ќе имаат можност за најава на летови во реално време, како и да резервираат воздушен простор преку апликацијата на АЦВ, за најава на летови со дронови.

Стручниот воздухопловен персонал од АЦВ, на присутните им промовирал и напатствија за зајакнување на културата за безбедност и подигање на нивото на свесност при реализација на операции со воздухоплови без екипаж, за бенефитите, но и за опасностите и ризиците кои што произлегуваат од операциите со дронови. сст/са/

Фото: АЦВ

Остани поврзан