Путин потпиша закон: Затвор за отуѓување руски територии
- Рускиот претседател Владимир Путин потпиша пакет закони со кои се воведуваат затворски казни за отуѓување на руски територии.

Москва, 8 декември 2020 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша пакет закони со кои се воведуваат затворски казни за отуѓување на руски територии.
Со закон се воведуваат и административни казни за јавни повици за отуѓување руски територии.
Кривичниот законик сега ќе биде проширен со нова клаузула - кршење на територијалниот интегритет, која предвидува казна од 10 години за отуѓување руски територии или други дејствија насочени кон кршење на територијалниот интегритет, со исклучок на разграничување и повторно разграничување на државната граница со соседните држави.
Според Одборот на Советот на федерацијата за законодавство и изградба на државата, луѓето кои ќе бидат фатени јавно да повикуваат на отуѓување територии ќе се соочат со административни казни. гт/