• понеделник, 23 декември 2024

Проектoт за дигитална идентификација во завршна фаза на имплементација

Проектoт за дигитална идентификација во завршна фаза на имплементација
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - По завршувањето на сите технички усогласувања, денес со МастерКард се договоривме да заврши интеграцијата во порталот за е-услуги во најкус можен рок, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Со ова, како што посочуваат, 150.000 граѓани ќе може да отвораат дигитален идентитет на порталот за е-услуги, кој е целосно сертифициран за електронска идентификација на високо ниво. - Дополнително, МастерКард ќе донира 12.000 квалификувани електронски потписи за раководни лица во четири институции корисници на ДМС системот и неограничен број на напредни елетронски потписи за административните службеници во тие институции. Со ова, покрај граѓаните и административните службеници ќе можат да имаат бенефит од користењето на услугата за дигитална идентификација од МастерКард, се вели во соопштението. мс/сп/

Остани поврзан