• недела, 22 декември 2024

Продолжуваат активностите за уредување на кејот на река Вардар

Продолжуваат активностите за уредување на кејот на река Вардар
Скопје, 13 август 2022 (МИА) - Екипите на ЈП Улици и патишта и екипите на ЈП Паркови и зеленило по налог на Градот Скопје продолжуваат со активностите за уредување на кејот на реката Вардар.-Во текот на изминативе денови рачно се чисти нискостеблестата вегетација од косините на коритото на потегот од пешачки мост Злокуќани до мост 8-ми Септември каде десната страна од кејот е целосно завршена, а во наредниве деновите екипи продолжуваат машински да ја чистат левата страна од кејот во насока од мост 8-ми Септември кон Влада, информираат од ЈП Улици патишта. Исто така, други екипи паралелно го чистеа потегот до мостот кај Александар Палас каде со машини се коси погуста вегетација, се собира наталожениот мил од коритото, се отстрануваат гранки, корења и дрвја во внатрешноста на коритото и според работниот план овој потег до крајот на неделата ќе биде целосно завршен.
-Покрај чистењето на кејот минатиов период се изврши санација на велосипедската патека со фугирање на оштетувањата од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот, санација на оштетените бекатон плочи на пешачката патека на кејот во делот над Аква паркот, санација на неколку шахти на кејот на кои се поставени бетонски плочи за заштита во делот од пешачкиот мост 8-ми Септември и во делот пред мостот Обединети Нации. А беше и извршена санација на заштитна ограда на пристапната рампа кај хотелот Александар Палас, се вели во соопштението.Од ЈП Улици и патишта најавуваат дека и во периодот кој следи ќе продолжат со активности за интензивно уредување и санација на кејот на река Вардар за соодветна рекреација и спортување за сите посетители и граѓани. сст/дма/

Остани поврзан