Приведен криминалец од Охрид
- Приведен е 39-годишен охриѓанец кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година и два месеци за извршено кривично дело.

Скопје, 12 ноември 2020 (МИА) – Приведен е 39-годишен охриѓанец кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година и два месеци за извршено кривично дело.
Како што соопшти МВР, утринава, во 10:15 часот на улица „Скупи“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потраги, го привеле В.Д. (39) од Охрид.
Лицето е спроведено во казнено-поправна установа. мс/са/