• понеделник, 23 декември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово синоќа околу 22:30 часот го привеле Х.M.(41) од село Сопот, кумановско. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што информираат денеска од МВР, Х.М. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната. сст/aa/

Фото: МИА архива

Остани поврзан