• петок, 05 декември 2025

Приведен возач во кумановско затоа што управувал возило под дејство на алкохол 

Приведен возач во кумановско затоа што управувал возило под дејство на алкохол 

Скопје, 2 мај 2025 (МИА) - Вчера вечерта во 18.20 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ц.(44) од село Жегљане, општина Старо Нагоричане кој управувал со возило под дејство на алкохол.

-При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, информираат од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. сст/дма/

Фото МИА архива

Остани поврзан