• петок, 14 март 2025

Приведено лице од кичевско поради управување возило под дејство на алкохол

Приведено лице од кичевско поради управување возило под дејство на алкохол

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - Кичевската полиција ноќеска во 01.35 часот по полноќ на крстосницата на магистралниот пат Кичево – Охрид со улицата „Железничка“ во Кичево, го лишила од слобода М.А.(39) од кичевското село Шутово.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген венто“ со кичевски  регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. сст/нд/

Фото МИА архива

 

     

Остани поврзан