• петок, 14 март 2025

Приведени двајца криумчари, пронајдени пет мигранти

Приведени двајца криумчари, пронајдени пет мигранти

Скопје, 11 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце вчера околу пладне на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, ги лишиле од слобода А.Т.(60) и Г.И.(54), двајцата од село Волково, Скопско, затоа што во возила „фиат стило“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, превезувале пет лица мигранти од Мароко.

Како што информираат денеска од МВР, претходно, полициските службеници ги забележале мигрантите како излегуваат од возилата и по преземени мерки возилата биле запрени, а возачите биле лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан