Претседателот Милеи повика на враќање на Ф1 во Аргентина
- Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи апелираше денеска до Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) да ја врати Формула 1 во Аргентина по речиси 30-годишна пауза.
Буенос Аирес, 1 септември 2026 (МИА) – Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи апелираше денеска до Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) да ја врати Формула 1 во Аргентина по речиси 30-годишна пауза.
„Аргентинската страст за трки е безвременска. Имаме традиција. Имаме возачи. А сега ја реконструираме институционалната сериозност потребна за да бидеме домаќини на трки од Ф1“, рече Милеи за време на Kонгресот на ФИА во Буенос Аирес.
Последното Гран при на Аргентина се одржа во 1998 година во Буенос Аирес, каде што се одржаа околу 20 трки од Формула 1 од 50-те години на минатиот век.
Легендарниот аргентински возач Хуан Мануел Фанџо освои пет светски првенства во Ф1 помеѓу 1951 и 1957 година. ег
ФОТО: Фејсбук