• сабота, 21 декември 2024

Претседателката Сиљановска-Давкова го прими Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки

Претседателката Сиљановска-Давкова го прими Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки

Скопје, 1 август 2024 (МИА) -  Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска го примила Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки, со кого разменила мислења за актуелните предизвици од зачестената појава на временски екстреми и нивното влијание врз животната средина.

-Беше нагласена важноста на новите технологии, современиот пристап и научните методи во справувањето со природните елементарни непогоди, но и со другите опасности, како пожари и загадување настанати од човечки фактор. Во таа насока професорот Спиридонов, како еден од водечките македонски експерти за метеорологија, презентираше научни можности за поефикасно справување со штетните појави кои се користат во светот, а кои можат да превенираат човечки загуби и материјални штети, информира претседателскиот Кабинет. 

Во соопштението се наведува дека претседателката Сиљановска-Давкова и професорот Спиридонов разговарале и за потенцијалите и капацитетите што ги имаме како држава, како и за потребата од соработка со пријателски земји во создавање системи за рано предупредување, со цел спречување или намалување на штетите од природните непогоди кои се појавуваат. хс/ац/

Фото: МИА архива 
 

Остани поврзан