• четврток, 14 ноември 2024

Прво место за Софија Страшеноска за фотографија, на конкурсот за ученици инспирирани од делата на Блаже Конески

Прво место за Софија Страшеноска за фотографија, на конкурсот за ученици инспирирани од делата на Блаже Конески
Кичево, 6 мај 2021 (МИА) - Ученичката од трето одделение  во ООУ„ Санде Штероски“ од Кичево, Софија Страшеноска, го освои првото место за фотографија на Конкурсот за ученици инспирирани од делата на Блаже Конески објавен од МОН, а по повод Денот на Македонската азбука и јазик петти мај.

-Честитки за вашата трудољубивост, а особено за напорот да ја разберете и доживеете на оваа возраст тежината на„ Везилка“ и тие силни емоции да ги пренесете на лист хартија. Секогаш сакајте ги и почитувајте ги својот јазик и азбука, гласи во честитката на учителката на Софија Страшеноска, Цвета Србиноска.

Малата Софија истакна, дека има голем интерес за фотографија и истражувачка работа.Сака да победува и првото место на овој конкурс уште повеќе и дава поттик понатаму да продолжи да се занимава со фотографија.  за/свс/

Остани поврзан