• петок, 05 декември 2025

Прво Грен слем финале за Анисимова

Прво Грен слем финале за Анисимова

Лондон, 10.јули 2025 (МИА) - Американската тенисерка Аманда Анисимова успеа да се избори за своето прво Грен слем финале во кариерата. Таа денеска во полуфиналето на Вимблдон ја совлада првата светска тенисерка Арина Сабаленка со 2:1 во сетови (6:4; 4:6 и 6:4). 

23-годишната Американка првиот сет го доби со 6:4 во гемови, притоа брејкот го направи во последниот десеттиот гем кога беа одиграни вкупно 18 поени, а ја искористи втората брејк и сет топка. Во вториот сет Сабаленка ја искористи петтата сет топка. Прво во деветтиот гем пропушти четири сет топки, а во следниот гем на свој сервис стигна до 1:1 во сетови. 

Во решавачкиот сет Анисимова успеа да направи брејк и да поведе со 4:1 во гемови, но повторно се водеше голема борба и ја искористи дури четвртата меч топка, откако го доби сетот со 6:4 во гемови.

Во саботото финале на Вимблдон Анисимова ќе игра со победничката од второто полуфинале меѓу Ига Швјонтек и Белинда Бенчиќ.   мн/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан