• понеделник, 23 декември 2024

Почнува изработката на нова Национална стратегија за млади

Почнува изработката на нова Национална стратегија за млади
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) организираат настан по повод почетокот на изработката на нова Национална стратегија за млади 2023-2027. Во изработката на Национална стратегија за млади 2023 - 2027 ќе бидат вклучени државните институции, единиците на локална самоуправа, граѓански организации, меѓународната заедница и сите други засегнати страни за младински политики. Како што информираат од Агенцијата за млади и спорт, на настанот ќе се обратат Наумче Мојсовски, директор на Агенција за млади и спорт, амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП, Афродита Шаља – Плавјанска, претставничка на УНФПА, Славчо Темелковски, претседател на Сојуз на студенти, Лука Павиќевиќ, претседател на Сојуз на средношколци, а најавен е и премиерот Димитар Ковачевски. сст/са/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан