• недела, 22 декември 2024

Поранешeн француски селектор во уметничко лизгање обвинет за полов напад

Поранешeн француски селектор во уметничко лизгање обвинет за полов напад
  Париз, 8 јануари 2021 (МИА) – Повеќемесечната истрага против поранешниот француски селектор во уметничко лизгање Жил Бејер резултираше денеска со обвинение за „полов напад“ и „сексуално вознемирување“. Истрагата се водеше од минатиот февруари, на барање на француското Министерство за спорт, откако десеткратната француска шампионка во уметничко лизгање Сара Абитбол објави книга во која тврди дека 64-годишниот Бејер повеќе пати ја силувал во периодот од 1990 до 1992 година, додека била тинејџерка. Бејер, кој во текот на истрагата призна дека имал „интимни“ и „недолични“ односи со Абитбол, беше приведен во средата, а судот денеска подигна обвинение против него за „полов напад и сексуално вознемирување од страна на службено лице“. Аферата доведе до оставка минатата година на долгогодишниот претседател на француската Федерација во уметничко лизгање Дидие Гајаг. ег/

Остани поврзан