Пораз на кадетките од Литванија на ЕП во ракомет во Црна Гора
- Женската кадетска репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз на Европското првенство во Црна Гора
Подорица, 7.август 2025 (МИА) - Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз на Европското првенство во Црна Гора. Поуспешни денеска беа ракометарките на Литванија, кои славеа победа со 33:24 (17:12).
Македонија водство од еден гол имаше само во воведните минути од натпреварот до предоста 4:3, а Литванија првпат се „одлепи“ со предноста 12:9 и на полувреме беше 17:12 за ривалките.
Во вториот дел Литванија го зголемуваше водството и на крајот славеше со девет разлика - 33:24.
Кај Македонија најефикасни со по 5 голови беа Марија Димоска, Ања Лашкоска и Елена Балоска.
До крајот на шампионатот Македонија ќе разигрува за пласман од 21-24.место, а само репрезентацијата што ќе се пласира на 21.то место ќе избори опстанок, додека трите последнопласирани ќе „испаднат“ односно ќе играат ЕХФ шампионат за кадетки во 2027 или Б дивизија. мн/
Фото: Фејсбук Ракометна федерација на Македонија