• петок, 05 декември 2025

Пораз и во реваншот на ракометарките на Ѓорче Петров

Пораз и во реваншот на ракометарките на Ѓорче Петров

Скопје, 9.ноември 2025 (МИА) – Ракометарките на македонскиот првак Ѓорче Петров претрпеа пораз 19:25 од шпанската екипа Елче во реванш дуелот од 3.коло од Европскиот куп на ЕХФ. На вчерашниот прв натпревар одигран исто така во Скопје, Елче славеше победа со 19:16.

На денешниот дуел на почеток македонскиот првак имаше минимална предност, но по 5:5 противничките направија серија од 10:4 и на полувреме имаа предност од шест голови – 16:10. Во вториот дел гостинските ракометарки не дозволија да дојде до намалување на разликата и дуелот го добија со 25:19.

Химена Контрерас кај Елче и Емилија Ризоска и Армина Исиќ кај Ѓорче Петров со по 4 голови беа најефикасни на дуелот. Уште еден одличен натпревар на голот имаше голманката на Елче Никол Моралес, која заврши со 13 одбрани, додека Милена Вујшиќ кај домашната екипа имаше 11 одбрани.   мн/

Фото: Фејсбук РФМ

Остани поврзан