Понеделник 9 септември неработен ден за сите граѓани
- Понеделник 9 септември е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради тоа што 8 Септември - Денот на независноста на Републиката е во недела и неработниот ден се префрла за понеделник, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Скопје, 3 септември 2024 (МИА) - Понеделник 9 септември е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради тоа што 8 Септември - Денот на независноста на Републиката е во недела и неработниот ден се префрла за понеделник, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Од Министерството на сите граѓани им го честитаат Денот на независноста. сст/са/
Фото: МИА архива