• понеделник, 23 декември 2024

Полициска акција во село Раовиќ, упасено лице за издржување на казна затвор од четири години

Полициска акција во село Раовиќ, упасено лице за издржување на казна затвор од четири години
Скопје, 9 ноември 2020 (МИА) - Припадници на СВР Скопје вечерва во село Раовиќ уапсија едно лице, кое било барано со потерница за издржување на четири години казна затвор. - Вечерва во 18:45 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек за потрага со асистенција на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, помеѓу селата Буковиќ и Раовиќ, скопско, го приведоа Н. А. од с.Раовиќ, кој се барал со потерница за издржување на затворска казна од четири години во врска со чл.396 ст.1 од Закон за оружје, информираат од прес-службата на МВР. После ова акција на скопска полиција лицето, според најавите, ќе биде предадено во казнено поправна установа. оџ/сп/

Остани поврзан