• среда, 26 февруари 2025

Подготовка за изработка на технички аранжман за вклучување на италијанските воздухопловни сили во патролирање над македонското небо

Подготовка за изработка на технички аранжман за вклучување на италијанските воздухопловни сили во патролирање над македонското небо

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Согласно планот за билатерална соработка со Италија, вчера во Воздухопловниот ВИНГ се одржал иницијален состанок во врска со подготовка и изработка на технички аранжман за вклучување на военото воздухопловство на Република Италија во мисијата за воздушно патролирање на небото на Северна Македонија.

- Согласно донесената одлука, Република Италија наскоро ќе се вклучи во оваа мировна мисија на НАТО со патролирање во македонскиот национален воздушен простор со цел зајакнување на мисијата на воздушно патролирање. Со оваа одлука, Северна Македонија се доближува до целосно исполнување на критериумите на интегрираниот систем за против-воздушна и ракетна одбрана на НАТО во заштитата на македонското небо, соопштија денеска од Министерството за одбрана.

Патролирањето ќе се реализира согласно НАТО принципите на заменливост помеѓу воздухопловните сили на Грција и Италија во координација со НАТО Центарот за воздухопловни операции во Торехон, Шпанија и македонските воздухопловни власти. цр/лв/

Фото:МО

 
 

Остани поврзан