• сабота, 23 ноември 2024

Повторно активен вулканот Мерапи во Индонезија

Повторно активен вулканот Мерапи во Индонезија
Џакарта, 19 април 2021 (МИА) - Стратовулканот Мерапи на островот Јава во Индонезија еруптираше рано изутринава, исфрлајќи огнена лава 16 пати, соопшти агенцијата за вулканологија во земјата, пренесува ДПА. Лавата патувала до 1.500 метри на југо-западната падина на вулканот од полноќ до 6 часот наутро по локално време, соопшти државната новинска агенција Антара, повикувајќи се на податоци од Националната геолошка агенција. Нема извештаи за жртви и нивото на тревога на вулканот остана на второто највисоко ниво. Мерапи, најактивниот вулкан во земјата, редовно еруптира од ноември минатата година. Во последниот смртоносен круг на ерупции во 2010 година, повеќе од 340 луѓе загинаа, а 60.000 беа раселени. ссм/

Остани поврзан