• четврток, 21 ноември 2024

Повеќе од 120 луѓе во Токио починаа од топлотен удар во јули

Повеќе од 120 луѓе во Токио починаа од топлотен удар во јули

Токио, 6 август 2024 (МИА) - Повеќе од 120 луѓе во јапонската престолнина Токио починаа од топлотен удар во јули, бидејќи просечната температура во земјата достигна рекордно високо ниво, а предупредувањата за топлотен бран беа на сила во поголемиот дел од месецот, соопштија денеска јапонските власти.

Повеќе од 37.000 луѓе биле лекувани во болниците низ Јапонија поради топлотен удар од 1 до 28 јули, соопштија властите.

Според јапонските медицински служби, голем број од 123-те лица кои починале од топлотен удар биле постари луѓе. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан