• петок, 05 декември 2025

Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов

Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов

Скопје, 2 јули 2025 

Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов, бидејќи молчат и не го осудуваат линчот врз новинар.

Костадинов е дете на Заев, кој има доста научено од него, а тоа го гледаме по заканите по живот врз новинар.

Овие закани по живот врз новинар, докажуваат дека СДС нема што друго да понуди освен закани и сеење страв врз народот.

СДС уште веднаш требаше да го осуди неговиот повик за линч и да ги повика институциите да го истржат случајот, но со молкот докажуваат дека стојат позади неговите изјави.

Во недостаток на политики и аргументирани критики, СДС и Филипче го пуштаат детето на Заев низ вода за да добијат медиумско значение.

Филипче и Заев се црната страна на политиката во Македонија, синоним за неспособност, криминал и устен терор врз граѓаните!

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан