Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски не може да затвори ниту еден случај на висока корупција затоа што му должи на СДС кариера
- Главниот обвинител Коцевски не може да затвори ниту еден случај на висока корупција затоа што му должи на СДС кариера, изјави на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 10 август 2025
Главниот обвинител Коцевски не може да затвори ниту еден случај на висока корупција затоа што му должи на СДС кариера, изјави на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Главниот обвинител Коцевски не е самостоен во одлуките, тој секогаш ја има тежината од СДС врз себе, затоа што тие го спасуваа во Собрание.
Ниту еден поранешен функционер, кој беше фатен во криминал, а ги има многу, не одговара, и нема правна разрешница, затоа што на главниот обвинител Коцевски СДС му стои на глава.
Срамота е како главниот обвинител Коцевски смирено ја прими пораката од СДС во Собрание, ,,со штитот или на него" и не се обиде ниту да ја осуди или да се огради.
Фрапантно е како може главниот обвинител да игра по нотите на политичка партија.
Народот има под 2% доверба во обвинителството, а со игнорантскиот однос на Коцевски таа доверба ќе се израмни со 0.
Јасно е дека Коцевски ќе седи до крај, и покрај пораките од народот да си оди, тој ќе седи и ќе ги користи своите позиции за СДС.
Едно треба да знаат и СДС и главниот обвинител Коцевски, народот точно знае што прават и многу јасно ја виде нивната игра. Одговорност ќе има на избори, а и потоа.
Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ - Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: ВМРО-ДПМНЕ