• недела, 23 јуни 2024

Пензионерите во Словенија од денеска ќе можат бесплатно да се возат во автобус и воз

Пензионерите во Словенија од денеска ќе можат бесплатно да се возат во автобус и воз
Љубљана, 1 јули 2020 (МИА) – Околу 600.000 пензионери во Словенија од денеска ќе можат бесплатно да се возат во автобус и воз, јави дописникот на МИА од Љубљана. Според министерот за инфраструктура Јернеј Вртовец, пензионерите ќе можат слободно да се возат на меѓуградските автобуски и железнички линии. Вртовец кажа и дека владата размислува за начините како може и градскиот автобуски превоз во иднина да биде бесплатен за оваа категорија граѓани. За да можат пензионерите, но и сите лица постари од 65 години да ја користат ова поволност, ќе треба најпрво да поднесат соодветно барање, по што доколку ги исполнуваат условите ќе добијат специјална картичка. Тие ќе бидат со важност од 12 месеци, а пензионерите се должи 30 дена пред истекот на рокот да поднесат барање за нивно продолжување. ав/сд/

Остани поврзан