• понеделник, 23 декември 2024

Пендаровски на средба со Розмари ДиКарло, потсекретарка за политички и мировни прашања на ООН

Пендаровски на средба со Розмари ДиКарло, потсекретарка за политички и мировни прашања на ООН
Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на Преспа форум за дијалог, денеска во Охрид имаше билатерална средба со потсекретарката за политички и мировни прашања на Обединетите нации, Розмари ДиКарло, на која беше потврдена силната посветеност и придонес на Северна Македонија кон мултилатеризмот. Пендаровски, како што соопштија од неговиот Кабинет, изрази поддршка за визијата за глобална соработка и ефективен мултилатерализам преточена во извештајот на Генералниот секретар Гутереш „Нашата заедничка агенда“, согласувајќи се со соговорничката дека неопходна е сплотеност и тесна соработка меѓу државите за постигнување на целта во насока на обезбедување напредок во мир, достоинство, еднаквост. Истото е особено релевантно во актуелниот контекст на воена агресија од страна на Руската Федерација врз Украина. Тој ја потенцираше подготвеноста на земјата за поддршка на реформските процеси иницирани токму од Генералниот секретар на ОН во контекст на спречување конфликти, одржлив развој и реформи во управувањето. Од страна на претседателот беше изразена благодарност за фокусот што ООН го посветуваат на земјите од Западен Балкан и го поздрави актуелниот регионален проект за млади со поддршка на ООН, а со цел зајакнување на социјалната кохезија и регонална соработка во контекст на ЕУ интеграциите во земјите од Западен Балкан. Претседателот истакна дека континуираниот ангажман на ОН во Северна Македонија придонесува за зајакнување на капацитетот на земјата во клучните сектори и за реализација на реформската агенда во контекст на ЕУ интегративниот процес. Потсекретарката за политички прашања на ОН, Розмари ДиКарло се заблагодари за можноста да биде учесник на Преспа форумот за дијалог, под покровителство на Претседателот Пендаровски. Таа го истакна привремениот прифат на авганистански граѓани во земјава при повлекување на меѓународните претставници од Авганистан, оценувајќи го како особено хуман гест кој многу високо се цени во ООН. Го реафирмираше позитивниот однос на ООН кон земјава, со оглед на демонстрираната конструктивност и политичка волја за решавање на прашањата преку дијалог и преговори, како и нашите активности во рамките на Организацијата. мс/лв/

Остани поврзан