• сабота, 16 ноември 2024

Пелони: На ниво на ЕУ веќе се разгледуваат техничките стандарди за сертификатот за вакцинација

Пелони: На ниво на ЕУ веќе се разгледуваат техничките стандарди за сертификатот за вакцинација
Атина, 22 февруари 2021 (МИА) – Грција е туристичка земја и со некои земји, кои имаат напреднато со имунизациската покриеност на населението набргу или до почетокот на летото би можело да склучат договори за сертификатот за вакцинација, објасни алтернативната- портпаролка на грчката Влада Аристотелиа Пелони, на денешниот редовен брифинг со новинарите, а како пример ги спомена Велика Британија и Израел, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа до каде се разговорите за сертификатот за вакцинација и со кои земји се разговара на билатерално ниво. Пелони рече дека веќе се разгледуваат техничките стандарди на ниво на ЕУ, истакнувајќи дека целата е да се олеснат патувањата. -Почната е оваа дискусија на ниво на Европската Унија, бидејќи веќе се разгледуваат техничките стандарди на еден таков сертификат за вакцинација, кој прво ќе се користи од здравствени причини, а пошироко ќе се отвори дискусија ја дополнителна употреба. Нас не интересира, повеќепати го имаме кажано, да биде алатка со која ќе се олеснат прекуграничните движења и во рамките на Европската Унија, рече Пелони. Во однос на тоа дали Грција ќе ги признае и потврдите за имунизација со кинеската и руската вакцина, на прашањето на МИА, алтернативната - портпаролка на грчката Влада, рече дека е прерано за оваа дискусија. На денешниот редовен брифинг со новинарите, говорејќи за пандемијата, Пелони истакна дека има голема раширеност на британскиот вид, со над 760 потврдени случаи во 32 грчки региони и додаде дека загриженост предизвикува и јужноафриканската мутација во солунското предградие Евсомос, каде што веќе се воведени построги рестрикции. За мерките и карантинот во Атика, поширокиот регион на Атина што се во сила до 28 февруари, алтернативната - портпаролка на грчката Влада објасни дека надлежната комисија ќе ги разгледа и оцени податоците и ќе донесе одлука за укинување или продолжување на рестиркциите, а воедно повтори дека приоритет на Владата се училиштата и малопродажбата.ср/ссм/

Остани поврзан