Патничката од Милано нема коронавирус
- Резулататите од тесетирањето на коронавирус кај патничката од Милано се негативни.

Скопје, 26 февруари 2020 (МИА) - Резулататите од тесетирањето на коронавирус кај патничката од Милано се негативни.
Министерството за здравство два часа порано од најавеното објави на својата веб-страница дека се негативни резултатите на пациентката која вечерва беше тестирана на коронавирус.
Како што објавија вчера од Министерството, патничка пристигнала завчера со попладневен лет од Милано во Скопје. бк/