• петок, 22 ноември 2024

Панел „Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални-како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19?“

Панел „Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални-како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19?“

Скопје, 8 март 2021 (МИА) - Во рамки на Вечери на женски права денеска ќе се одржи панел дискусија „Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални - како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19?“, во организација на Институтот за човекови права, со поддршка на Град Скопје и UN Women канцеларијата во Скопје.

Според организаторите, воведни обраќања на панелот ќе имаат Маргарита Цаца Николовска, претседателка на Институтот за човекови права и Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија.

Како што најавуваат организаторите панелистки на овој настан се министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фербилни состојби Скопје д-р Милена Стевановиќ, Афердита Хаџијаха Имери - експертка за социјална инклузија, Меѓународна фондација за изборни системи и Ирена Цветковиќ, доктор на науки од областа на родовите студии и претставник на Платформата за родова еднаквост.

Жените се во првите редови во справувањето со кризата Ковид-19, како здравствени работници, негувателки, иноваторки, организаторки на заедницата и како едни од најефикасните национални лидери во борбата против пандемијата. Кризата ја истакна и централноста на нивниот придонес и диспропорционалниoт товар што ги носат жените. За таа цел говорничките на дискусијата ќе се осврнат на различните аспекти кои имаат влијание врз секојдневните животи на мноштво жени, а се како директен резултат на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, стои во соопштението на организаторите.

Панел дискусијата ќе се одржи во кино „Фросина“ при МКЦ и на платформата Zoom. нд/  

Остани поврзан