• среда, 20 ноември 2024

Пандемијата влијае и врз метеоролошките набљудувања

Пандемијата влијае и врз метеоролошките набљудувања
Женева, 8 мај 2020 (МИА) - Светската метеоролошка организација (ВМО) предупреди дека пандемијата на коронавирусот влијае и врз метеоролошките набљудувања поради намалениот воздушен сообраќај. Сите метеоролошки услуги се потпираат на глобалниот систем за набљудување на ВМО. Вообичаено функционираат 30 метеоролошки сателити, 200 истражувачки сателити, 10.000 површински станици, автоматски или со персонал, 1.000 станици на надморска височина, 7.000 бродови и 7.000 цивилни авиони кои ги мерат клучните параметри за атмосферата, копнената и океанската површина. Значителното намалување на воздушниот сообраќај од почетокот на пандемијата влијаеше на овие системи за надзор. Мерењата кои ги правеа авионите се намалија за 75 до 80 проценти од почетокот на пандемијата, а во некои региони, како што се тропските предели, за 90 проценти. Набљудувањата на површината се потпираат главно на автоматски станици. Сепак, тие се малку во земјите во развој. јт/  

Остани поврзан