• недела, 22 декември 2024

ОЈО Скопје поднесе обвинителен предлог за фалсификувње исправа

ОЈО Скопје поднесе обвинителен предлог за фалсификувње исправа
Скопје, 1 април 2021 (МИА) - Скопското Обвинителство поднесе обвинителен предлог против едно лице со двојно, македонско и италијанско, државјанство за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ од член 378 став 1 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Скопје. - Обвинетата, на 17 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје се обидела да ја напушти државата, прикажувајќи лажен сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот, информират од Обвинителство. При проверка од службениците на аеродромот било утврдено дека станува збор за лажна исправа, која обвинетата ја прикажала како вистинска.​​ оџ/сп/

Остани поврзан