• петок, 22 ноември 2024

Отворена сензорна соба во училиштето ООУ „Свети Климент Охридски“ во Македонски Брод

Отворена сензорна соба во училиштето ООУ „Свети Климент Охридски“ во Македонски Брод
Македонски Брод, 4 април 2022 (МИА) - Во основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Македонски Брод денеска е отворена првата сензорна соба во општината, како дел од проектот„ Биди ИН, биди Инклузивен, биди Инклудиран“. Сенозорната соба ја пушти во употреба градоначалникот Жарко Ристески, при што нагласи дека е од голема важност за ООУ „Свети Климент Охридски“, каде наставата ја следат над 460 ученици. - Мене како социјален работник претходно, а денес како градоначалник на општина Македонски Брод и Поречието, задоволство ми е бидејќи ја ставаме во употреба првата сензорна соба во нашиот регион, рече на отворањето градоначалникот Ристески. Тој ја потенцира важноста на сензорната соба во раниот развој на учениците со попреченост. Според него, сензорните соби се неопходни во интервенирањето во раниот детски развој, бидејќи со нив се стимулираат учениците со попреченост во заштитена и контролирана средина. - Во ова училиште имаме 13 деца со атипичен развој и уверен сум со вакви директни вложувања во подобрувањето на образованите услови ќе го унапредиме воспитниот и образовниот процес за сите деца, а со тоа создаваме инклузивна клима во општината во која децата ќе имаат еднакви услови за раст и развој, додаде градоначалникот. за/цр

Остани поврзан