• понеделник, 23 декември 2024

Осум пати зголемени трансферите за социјална помош во Валандово

Осум пати зголемени трансферите за социјална помош во Валандово
Гевгелија, 21 октомври 2020 (МИА) - Во период од четири изминати години, трансферите за социјална помош во општина Валандово бележат осумкратно зголемување како плод на зголемени активности на полето на хуманоста и сестраната помош на лицата од ранливите категории, изјави градоначалникот Перо Костадинов. Според него, неколку пати биле зголемени издатоците за еднократна парична помош на социјално загрозените лица во општината, трансферите кон невладиниот сектор и сите останати социјални трансфери, а од 3 на 5.000 денари биле зголемени и паричните средства што се доделуваат на секое првороденче. Тој истакна и дека како резултат на тоа се случило осумкратното зголемување на социјалните трансфери. - Во состојба на пандемија имаме намера да продолжиме со зголемување на овој тренд,со цел да ги поддржиме лицата кои имаат потреба,оти тежнееме да градиме хумана и емпатична заедница, нагласи Костадинов. им/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан