Остин: Барањето на Бајден што вклучува помош за Украина и Израел ќе биде од корист за САД
- Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека барањето на американскиот претседател Џозеф Бајден до Конгресот за дополнително финансирање кое вклучува воена помош за Украина и Израел, исто така ќе биде од корист за американската индустриска база.
Вашингтон, 6 декември 2023 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека барањето на американскиот претседател Џозеф Бајден до Конгресот за дополнително финансирање кое вклучува воена помош за Украина и Израел, исто така ќе биде од корист за американската индустриска база.
Барањето за финансирање „ќе вклучува уште 50 милијарди долари што ќе течат низ американската индустриска база“, како дополнување на околу 27 милијарди долари потрошени во повеќе од 35 американски држави, рече Остин на конференција во Вашингтон.
„Голем дел од парите ќе ни се вратат преку инвестиции во американски работни места“, рече тој.
Остин нагласи дека сите тие пари веднаш ќе бидат вратени во САД преку инвестиции во американската безбедност.
Белата куќа предупреди дека САД би можеле да останат без ресурси за помош на Украина до крајот на календарската година, јави Блумберг, додавајќи дека пакетот се уште се задржува поради барањата на републиканците. зш/
фото ЕПА