• понеделник, 23 декември 2024

Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае опремено со нови „паметни“ маси за учениците со попреченост

Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае опремено со нови „паметни“ маси за учениците со попреченост
Скопје, 14 април 2021 (МИА) – Сензорната соба во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Влае е опремена со нови „паметни“ маси со вградени таблети, што обезбедуваат развој на јазичните вештини кај младите со попреченост, како и полесно решавање на математичките задачи, информира Општина Карпош. Од Општината додаваат дека новата опрема ќе придонесе за подобра инклузија во наставата на лицата со посебни образовни потреби. Истата влијае и на унапредување на двонасочната комуникација, моториката и когнитивните вештини. Во посета на основното училиште денеска беше градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и претставникот од Фондацијата за образовни и културни иницијативи, „Чекор по чекор“, Дениз Сулејман. - Важна е поддршката која ја добиваме од граѓанските организации во процесот на креирање инклузивно и сеопфатно образование. Неодамна, дополнителни дидактички материјали добија и сензорните соби на „Лазо Трповски“, „Аврам Писевски“ и „Јан Амос Коменски“. Исто така, преку проектот „Спорт за развој, спорт за сите“ во фазичките активности во Карпош вклучени се и учениците со попреченост, рече Богоев. Претставникот на „Чекор по чекор“, Дениз Сулејман истакна дека фондацијата продолжува да дава поддршка на локалната самоуправа. Тој се заблагодари до училиштетото и директорката Весна Кочовска, за несебичната поддршка и добра организација во процесот. Богоев и Сулејман изразија подготвеност за реализација и на други проекти, во делот на унапредувањето на условите за раст и развој на младите со попреченост.  ки/ац/

Остани поврзан