• петок, 22 ноември 2024

Осломејско Езеро ќе биде порибено со повеќе капитални примероци на крап

Осломејско Езеро ќе биде порибено со повеќе капитални примероци на крап
Кичево, 13 април 2022 (МИА) - Пред првиот крапски риболовен натпревар што годинава ќе биде организиран на Осломејско Езеро на почетокот на идниот месец, за да се зголеми интересот за натпреварот и да се внесе поголема неизвесност околу победникот, риболовното друштво„ Хантер Фиш“ од Кичево, до овој натпревар се очекува во езерото да пушти поголеми количества крап капиталец со тежина од над 10 килограми. -Нашите планови пред првиот годинашен крапски риболовен натпревар што во првиот викенд од мај ќе се одржи на Осломејско Езеро, се во езерото да пуштиме поголем број крапска риба со тежина од над 10 килограми по примерок. Рибите кои ќе ни послужат за порибување на Осломејско Езеро ќе ги обезбедиме од рибникот „Акватик“ кај Неготино, а нивниот број ќе зависи од средствата кои ќе успееме да ги собереме до ова порибување петто по ред, најави портпаролот на риболовното друштво„ Хантер Фиш“ Мире Ночески. Тој посочи дека до Агенцијата за млади и спорт е доставено барање од страна на сортско-риболовното друштво, за добивање на решение за вршење на дејност спорт, спортско-риболовно натпреварување. -Нашето риболовно друштво наредниот месец ќе наполни две години од неговото формирање, а веќе на 20 ноември истата година бевме примени во Македонската риболовна федерација. За да можеме да влеземе во натпреварувачкиот календар и да можеме да организираме спортско-риболовни натпревари, побаравме од Агенцијата за млади и спорт да ни издаде соодветно решение со кое ќе можеме непречено да организираме вакви натпревари, а во исто време да влеземе и во календарот на натпревари од секаков вид што се организираат во земјава, додаде Ночески.за/вј/

Остани поврзан