• петок, 22 ноември 2024

Општина Богданци ќе го обнови локалниот пат од Ѓавото до Стојаково

Општина Богданци ќе го обнови локалниот пат од Ѓавото до Стојаково
Богданци, 12 ноември 2021 (МИА) - Реконструкцијата на локалниот пат што треба да ги поврзе селата Ѓавото и Стојаково односно неговата прва фаза од селото Ѓавото до раскрсницата со регионалниот пат Богданци-Гевгелија, наскоро ќе почне, откако беше избран и изведувач на работите, потврдија од општина Богданци. - Првата фаза од реконструкцијата на овој пат опфаќа изградба на делницата од Ѓавото до раскрсницата кај бензинската пумпа на „Шимов“, во должина од еден километар односно поврзување на Ѓавото со регионалниот пат Богданци-Гевгелија со што на локалните жители ќе им овозможиме полесна и побезбедна сообраќајна комуникација. Во рамки на оваа фаза е предвидена и целосна реконструкција на мостот на Луда Мара, соопштија од надлежната општинска служба. Реализацијата на целиот проект, што треба да заврши во рок од три месеци ќе чини 16,7 милиони денари, од кои 13,7 милиони денари се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а останатите три милиони денари ги обезбедува Општина Богданци од сопствениот буџет. им/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан