ОН: Речиси 80.000 луѓе раселени поради насилството во јужна Сирија
- Речиси 80.000 луѓе се раселени поради насилството на сектите во јужна Сирија кое почна минатата недела, соопшти агенцијата за миграции на ОН.
Дамаск, 18 јули 2025 (МИА) – Речиси 80.000 луѓе се раселени поради насилството на сектите во јужна Сирија кое почна минатата недела, соопшти агенцијата за миграции на ОН.
Меѓународната организација за миграции во изјава нагласи дека „79.339 луѓе се раселени од 13 јули, вклучувајќи 20.019 на 17 јули“, додавајќи дека услугите за вода, електрична енергија и телекомуникации во Сувеида „се распаднале“.
ИОМ додаде и дека недостигот на гориво ја парализирал транспортната и итната логистика. јт/
Фото: МИА архива