• понеделник, 23 декември 2024

Одбележан четвртиот роденден на литературниот клуб „Китка“ Кичево

Одбележан четвртиот роденден на литературниот клуб „Китка“ Кичево

Кичево, 11 ноември 2021 (МИА) - Литературниот клуб „Китка“ вечерва го одбележа четвртиот роденден, со поетско читање во знак на стогодишнината од раѓањето на еден од втемелувачите на македонската книжевност и литература, Блаже Конески. Во негова чест ученици од ОУ„ Христо Узунов“ во малата сала од Центарот за култура во Кичево читаа извадоци од творбите на авторот.

Како што информираше претседателката на „Китка“, Оливера Ширгоска, покрај членовите на клубот, оваа книжевна вечер ја надополнија и учениците на ОУ „Христо Узунов“. Ширгоска посочи дека интересот за зачленување во клубот е многу голем и затоа извршиле прием на нови членови.

- Поради големиот интерес за зачленување во литературниот клуб, од денес сме побогати за уште тројца нови членови, и со претходно активните 13 членови, ќе броиме вкупно 16 члена, нагласи претседателката Ширгоска.

Таа потсети дека дел од членовите од оправдани причини биле отсутни на ова одбележување, а изостанале и литературни клубови од други градови, со кои имаат традиционални добри односи и разменуваат книжевни искуства, поради пандемијата со Ковид-19. за/ар/

Остани поврзан